Екипата на Лајпциг почна преговори за враќање на Кристофер Нкунку во екипата, откако мина две години како играч на Челси.
Со оглед дека „сините“ од Лондон добро се засилија во овој преоден рок во нападот, одеднаш Французинот стана „вишок“ и сега е ставен на трансфер листа, а Лајпциг е првата опција за него „кам-бек“.
Нкунку играше за ПСЖ пред да дојде во Лајпциг во 2019 година, и мина четири години во германскиот тим. Потоа беше продаден на Челси за околу 50 милиони фунти, а сега „биковите“ се надеваат дека ќе успеат да го вратат за двојно помала сума, додека Челси го проценува напаѓачот на околу 40 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

