Во среда од 21 часот актуелниот европски шампион Манчестер Сити ќе гостува кај РБ Лајпциг во рамките на 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Тоа ќе биде можност за домаќините да се простат од својот поранешен играч Јошко Гвардиол.
Во трансфер вреден 90 милиони евра на почетокот на август, Гвардиол го напушти Лајпциг и премина во редовите на „граѓаните“. Со тој трансфер стана најскапиот стопер во светот.
Германскиот „Билд“ пренесува дека Лајпциг пред почетокот на натпреварот ќе му приреди изненадување на хрватскиот стопер и на соодветен начин ќе се прости од Гвардиол кој мина две години во нивниот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

