Лајпциг продолжува со шопингот, потпиша напаѓач од шампионот на Холандија

Лајпциг имаше разочарувачка сезона во која остана без место во ЛШ, па управата на клубот реши повторно да тргне во трансфер-офанзива. Овој бундеслигаш не отстапува од стратегијата за ангажман на млади и перспективни фудбалери, па така за 14 милиони евра беше доведен Максимовиќ од Црвена Звезда, по што синоќа беше комплетиран уште еден трансфер.

Лајпциг има нова „деветка“, белгискиот репрезентативец Јохан Бакајоко потпиша договор со клубот, откако германскиот тим експресно ги финишираше преговорите со ПСВ Ајндховен за услугите на овој 22-годишен фудбалер. За Бакајоко се интересираа клубови од Премиер-лигата, но бундеслигашот ги договори сите детали со холандскиот првак, комплетирајќи го трансферот вреден 20 милиони евра.

Станува збор за фудбалер кој настапува како десно крило, кој сигурно ќе биде значаен адут на Лајпциг во нападот на што повисок пласман во наредната сезона.

Интересно е што овој клуб упорно инвестира во нови фудбалери, а се уште не реализираше ниту една од најавените продажби за летово. Чави Симонс сака да си замине, но нема конкретен купец, преговорите за продажба на Шешко исто така се во застој, а се чека и на зелено светло за од овој клуб и официјално да си замине Елиф Елмас, кој би сакал да се врати назад во италијанската Серија А.

Се вчитува...