Најпријатното изненадување во Бундес-лигата оваа сезона, тимот на Ред Бул Лајпциг, сака да го купи крилниот играч на Кристал Палас, Вилфрид Заха. Со оглед на најавите дека Тимо Вернер по одличната сезона најверојатно ќе си замине од клубот, раководството на Лајпциг сака да доведе исто така млад и талентиран играч. Заха игра одлично во дресот на Кристал Палас, а германскиот клуб е подготвен да понуди 30 милиони фунти за тој да се пресели во Германија.
Сепак, Лајпциг ќе има жестока конкуренција и во клубови од Премиер – лигата за услугите на Вилфрид Заха. За него интерес покажуваат Манчестер сити, Арсенал и Тотенхем. Тој претходно дојде како големо засилување на „Олд трафорд“, но не успеа да се наметне во редовите на Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА