Лајпциг сака да го врати Чалханоглу во Бундес-лигата

Германскиот бундеслигаш Лајпциг го сака Хакан Чалханоглу како засилување за настапот во Лигата на шампионите следната сезона. Тој има договор со Милан до јуни 2021 година, а засега се уште нема постигнато „дил“ за продолжување на соработката. Ова сака да го искористи Лајпциг и му нуди четиригодишен договор на офанзивниот играч за врска за да го врати во Бундес – лигата.

Чалханоглу дојде во Милан во 2017 година од бундеслигашот Баер Леверкузен. Оваа сезона за „росонерите“ одигра 35 натпревари во Серија А и во Купот на Италија со ефект од девет постигнати гола и осум асистенции.

Покрај Лајпциг, интерес за Чалханоглу покажува и Херта.

Се вчитува...