Лајпциг со „петарда“ го растури Хофенхајм (ВИДЕО)

Битката за Лигата на шампионите во Германија заврши со убедлива победа на Лајпциг од 5-0 во дуелот со Хофенхајм. „Биковите“ уште по првиот дел го решија прашањето околу победникот, откако водеа со 4-0.

Два гола на Груда и два на Баумгартнер ја донесоа таа предност од четири гола разлика, а во вториот дел Хенрикс го постави конечниот резултат.

Со оваа победа Лајпциг се израмни со бодови со Хофенхајм, и сега двата тима имаа по 50 бодови.

Се вчитува...