Лајпциг е речиси сигурен учесник во ЛШ во следната сезона, откако овој тим славеше на гостувањето против Баер Леверкузен со 2-4, уште повеќе зацврстувајќи се на третото место на бундеслигашката табела. Успехот е уште поголем ако се знае дека „фармацевтите“ во првото полувреме два пати водеа со головите на Хаверц, но Лајпциг успеа да го сврти резултатот во своја полза и да триумфира благодарение на погодоците на Вернер, Форсберг и Куња.
Зад Лајпциг на четвртото место на табелата се наоѓа Ајнтрахт, откако тимот од Франкфурт денеска триумфираше на незгодното гостување против Шалке со 1-2. Ребиќ донесе рано водство на Ајнтрахт, по што домашните фудбалери успеаја да израмнат преку Сердар. Сепак, во драматичната завршница на цел плен се радуваа гостите, најпрвин во судиското продолжение црвен картон доби Сердар, за Лука Јовиќ со гол од пенал во 98. минута да донесе триумф на Ајнтрахт.
Резултати Германија:
Шалке – Ајнтрахт 1-2, Баер Л. – Лајпциг 2-4, Херта – Фортуна Д. 1-2, Штутгарт – Нирнберг 1-1, Волфсбург – Хановер 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА