Екипата на Лајпциг продолжува да игра во стил „топло-ладно“, откако вечерва одигра нерешено 2-2 против Волфсбург, и направи голем чекор назад во битката за првите четири места кои носат кон Лигата на шампионите. Лајпциг може да биде и среќен со бодот, затоа што губеше до самиот финиш, а потоа успеа да израмни и да освои бод.
Амура во 52. минута го донесе Волфсбург до предност. Диоманде во 70. минута израмни. Сванберг во 78. минута донесе нова предност за гостите од Волфсбург.
Брајан Груда во 89. минута успеа да постигне гол за израмнување, и за еден освоен бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

