Лајпциг заборави како да победува на гостински терен

Лајпциг дефинитивно нема капацитет за да остане во трка со Баерн Минхен за титулата откако вечерва претрпе уште еден пораз, втор во низа на гостински терен губејќи во Берлин од Унион со 3-1.

Првиот дел заврши без голови, но затоа суперинтересни беа вторите 45 минути во кои мрежите се тресеа дури четири пати.

Домаќините први поведоа преку Бурке во 57. минута, но Лајпциг израмни само три минути подоцна преку Гомис, и тоа нецела минута по влегувањето во игра на овој фудбалер. Сепак, Унион Берлин беше тимот што поумешно ги искористи своите шанси и преку Асах и Скарке стигна до заслужена победа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...