Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е пред останување во бундеслигашот Ред Бул Лајпциг, откако тимот ја одби одличната понуда од страна на Манчестер Сити за неговите услуги.
Наводно Сити испратил понуда од 80 милиони евра за услугите на хрватскиот дефанзивец, но истата наводно била одбиена.
20-годишниот фудбалер веќе неколку месеци е мета на големите клубови. Челси долго време беше заинтересиран за услугите на овој играч, но во последно време овој тим не се споменува како негова следна дестинација.
Гвардиол е дел од Лајпциг 2020 година, но една година подоцна пристигна во Германија, откако најпрво мина на позајмица во Динамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

