Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг дури во седмиот натпревар сезонава успеаја да стигнат до првата победа во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен во еден интересен натпревар славеа над Спортинг Лисабон со 2-1.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Шешко уште во 19. минута. На 1-1 Спортинг израмни преку Ѓокереш во 75. минута, додека конечните 2-1 ги постави Поулсен во 78. минута.
RB Leipzig [2]-1 Sporting – Yussuf Poulsen 78'
byu/MeladroitsTV insoccer
До победа стигна и Шахтјор кој беше подобар од Брест со 2-0. Стрелци на головите за Шахтјор беа Кевин во 18. минута и Судаков од пенал во 37. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

