Александр Лаказет ќе настојува што поскоро да го заборави овој февруари, во кој францускиот ас нема многу причини за задоволство. Имено, Лаказет најпрвин во рок од две минути промаши два зицери за израмнување на градското дерби меѓу Тотенхем и Арсенал, за веднаш потоа „топчиите“ да утврдат дека тој има проблем со коленото и ќе мора да отсуствува најмалку 40 дена од терените.
„Лаказет имаше артроскопија на левото колено во Лондон, па сега му претстои период на рехабилитација“ – соопштија „топчиите“ во пресрет на дуелот од Лигата на Европа против Остерсунд.
Французинот пристигна од Лион како големо засилување за нападот на „топчиите“, но иако имаше добар старт на авантурата набрзо влезе во голгетерска криза. На последните натпревари тој го загуби првотимскиот статус, а со доаѓањето на Обамејанг уште повеќе се намалија неговите шанси за камбек меѓу првите единаесетмина на Арсен Венгер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА