Александар Лаказет и официјално си замина од Лион, откако по истекот на актуелниот договор реши да го напушти поранешниот првак на Франција. Негова следна дестинација ќе биде Саудиска Арабија, откако Лаказет денеска потпиша двогодишен договор со Неом, екипа што сезонава влезе од втората во првата лига на Саудиска Арабија и во Лаказет ќе гледа значаен адут при настапите во елитното друштво.
Шеф на стручниот штаб на Неом е поранешниот стратег на ПСЖ, Кристоф Галтие, на чие барање францускиот ветеран пристигна во овој тим.
Лаказет во двете авантури како член на Лион одигра вкупно 391 натпревар за овој клуб, притоа постигнувајќи 201 гол и 55 асистенции. Французинот крај себе во новиот клуб ќе има поранешен соиграч од Лион, алжирскиот интернационалец Саид Бенрахма кој исто така е член на Неом, а пред потпис со овој тим е и голманот на Ница, Марсин Булка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

