Напаѓачот на францускиот клуб Лион, Александре Лаказет, на лето би можел да го засили Јувентус, пишуваат медиумите во Италија. Тој има договор до 2019 година, но смета дека е дојдено време за трансфер во поголем европски клуб.
„Мислам дека дојде времето за да размислувам за заминам. Сакам да се испробам и во друга средина, во друга лига. Ќе продолжам да работам напорно и се надевам дека многу брзо ќе дојде и вистинската можност“, изјави Александре Лаказет.
Тој се споменуваше како можно засилување за Арсенал и за Челси, но во игра влегува и Јувентус. Се претпоставува дека „старата дама“ е подготвена да плати околу 40 милиони евра за негов ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА