Лаказет не дозволи Арсенал да загуби од Ливерпул

Арсенал и Ливерпул ремизираа (1-1) во дерби дуелот од 11.коло во Премиер – лигата на „Емирати“. Тимот на Јирген Клоп остана непоразен и сега има еден бод предност пред Манчестер сити на врвот на табелата, а составот на Унаи Емери исто така ја продолжи долгата низа без пораз.

Фирмино и Ван Дајк стрелаа во рамката од голот на Арсенал во првиот дел, но Џејмс Милнер ги доведе „црвените“ во водство во 61.минута од дуелот. Сепак, домаќинот не се предаде. „Топчиите“ тргнаа по израмнување и го донесе Александре Лаказет со одличен погодок во 82.минута од средбата.

Се вчитува...