Темпераментниот тренер на Војводина, Ненад Лалатовиќ предизвика нов скандал на натпреварот против Раднички од Ниш.
Лалатовиќ е познат по контроверзните однесувања крај аут линијата, а емоциите не можеше да ги контролира ни на мечот против поранешниот клуб. Тој доби жолт картон поради конфликт со противничкиот тренер, но тука не застана. Тој влезе во конфликт и со противничките навивачи. Скандалот доживеа поголеми размери кога младиот тренер почна да се заканува со колење, поради што главниот судија мораше да го испрати на трибините.
Интересен е податокот што неговиот тим го доби мечот со 1-2.
Out of context ЛингЛонг Суперлига pic.twitter.com/YeIoN1k0X9
— грбвћ (@grbomadjija) September 13, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА