Лалиќ: Триумф над Задар би бил пресвртница за МЗТ

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром утревечер (20 часот) против Задар на гости ќе го одигра последниот меч во 2017 година. Тоа е меч од 14. коло во АБА-лигата.

Според информациите од таборот на „металците“, тренерот Жељко Лукајиќ ќе има големи проблеми со тимот. Ќе го нема Марко Симоновски, додека крајно неизвесен е настапот и на Дарко Соколов. Никола Павличевиќ си замина од МЗТ Скопје, додека младиот Андреј Настоски нема право на настап во регионалното натпреварување.

„Формата на Задар е во нагорна линија, играат одлично во последните пет-шест кола, а згора на тоа играат на домашен терен. Ќе биде тежок натпревар, со оглед што пак имаме проблеми со повредите во надворешната линија. Но, ќе мора да дадеме сѐ од себе и да пробаме да триумфираме, што би било своевидна пресвртница за нашиот клуб“, вели центарот Јуре Лалиќ за официјалниот сајт на клубот, во пресрет на утрешниот меч.

Се вчитува...