Холандија славеше со резултат 29-19 на дуелот против Аргентина, во премиерниот натпревар од групата Ф од мундијалот во Полска и Шведска, од која дел е и селекцијата на Македонија. „Лалињата“ покажаа одличен офанзивен потенцијал, со брзи напади кршејќи го отпорот на противникот, трасирајќи си го патот кон следната фаза.
Мечот почна со нереализиран пенал на Аргентина, по што Холанѓаните презедоа контрола над играта и резултатот. Аргентинскиот голман кратко ја одржуваше својата селекција во мечот, но „лалињата“ предводени од Стеинс поведоа со убедливи 9-5. Холандија имаше и плус шест, но Аргентинците се вратија пред крајот на полувремето, намалувајќи на 13-11, резултат при кој „гаучосите“ промашија зицер, при шут во празна мрежа погодувајќи го дирекот. На одмор се замина со предност на Холандија од 14-11, за „лалињата“ маестрално да го почнат вториот дел и да поведат и со седум гола предност (20-13). За разлика од првoто полувреме во кое Аргентинците се вратија, Холанѓаните овојпат одиграа фуриозно до самиот крај, зголемувајќи го водството и триумфирајќи со преубедливи 29-19.
Холандија во второто коло ќе се сретне со Македонија, меч што на програмата е на 15 јануари во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА