„Лалињата“ пак почнуваат да цветаат – триумф над Германија

Холандија ги пропушти последните две големи натпреварувања, но Роналд Куман како селектор полека, но сигурно го враќа победничкиот дух во таборот на „лалињата“. Доказ за тоа е и денешниот дуел од Лигата на Нации, на кој Холанѓаните на домашен терен славеа со 3-0 над поранешниот светски првак Германија.

Ван Дајк беше стрелец на првиот гол, на 2-0 зголеми Депај во финишот од средбата, во периодот кога Германците целосно се отворија во обид да стигнат до израмнување. Конечните 3-0 во судиското продолжение ги постави Вајналдум.

 

Се вчитува...