Фудбалска Холандија предолго паѓа во бездна, но „лалињата“ конечно почнаа да покажуваат знаци на живот, откако вечерва го декласираа европскиот шампион Португалија со 3-0 на пријателски меч што се одигра во Женева, Швајцарија.
Роналд Куман дебитираше на клупата на Холандија со пораз од Англија, но тоа беше само мотив повеќе за овој стратег и неговите избраници да се покажат во далеку подобро издание против Португалците. Холандија сите дилеми ги реши уште во првото полувреме, кога ги постигна трите погодоци преку Депај, Бабел и Ван Дајк.
Европските прваци беа во шок од она што им се случуваше на теренот, па останаа и со играч повеќе откако Кансело заслужено заработи црвен картон во второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА