„Лалињата“ си избраа спаринг-партнери пред ЕВРО 2020

Холандската репрезентација ќе одигра две контролни средби, против Шкотска и против Грузија, како дел од подготовките за ЕВРО 2020, на кое „лалињата“ за ривал во групната фаза ќе ја имаат и Македонија.

Холандската Фудбалска Федерација објави дека дуелот со Шкотска ќе биде одигран на 2 јуни. „Лалињата“ во тој период ќе се подготвуваат во тренинг-камп во Португалија, каде ќе биде одигран и дуелот со Шкотите, на стадионот „Алгарве“ каде пред 17 години сегашниот селектор Франк де Бур го одигра својот последен меч во репрезентативниот дрес.

Холандската експедиција по тој меч ќе се врати во татковината, каде на 6 јуни во Еншеде ќе ја пречека селекцијата на Грузија.

Дуелот меѓу Холандија и Македонија ќе се игра во рамките од третото коло од групата Д, на 21 јуни со почеток во 18 часот.

Се вчитува...