Поранешниот капитен на германската репрезентација, Филип Лам, го критикуваше недостатокот на постајност во националниот тим под водство на селекторот Јулијан Нагелсман.
Легендарниот играч на Баерн Минхен вели дека преголемиот број на ротации не носат ништо добро за селекцијата на „елфот“, и дека селекторот Нагелсман мора да најде решение.
„Имаше премногу повреди, некои поради повреди, но не само поради тоа. Сега не знаеме кој е дел од костурот, кој се вклопува во тимот. Нагелсман мора да најде решение за тоа што побрзо. Едноставно, имаше премногу промени во последно време. Бројните ротации не им ја обезбедуваат сигурноста на веќе етаблираните играчи. На тој начин може да се исцрпат фудбалерите. Мислам дека во моментов е важно да се сопре со прекумерната ротација во селекцијата“, смета Лам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

