Искусниот дефанзивец Арсим Љамалари е уште едно ново име во редовите на Шкупи за новата сезона.
31-годишниот стопер настапуваше за Беса од Добри Дол, но по испаѓањето на тимот од прволигашкото друштво, сега се одлучи да ја прифати понудата од Шкупи.
Претходно во својата кариера има играно и за Силекс и Скопје на домашната сцена, како и за неколку клубови во Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

