Ламар Џексон како Том Брејди, МВП во НФЛ со максимален број гласови

Ламар Џексон, квотербекот на Балтимор Рејвенс е прогласен за најкорисен играч на сезоната во НФЛ објави Лигата во пресрет на Супербоул, дуелот меѓу Канзас и Сан франциско. Џексон е првиот играч на Балтимор кој е прогласен за МВП, тој е најмладиот квотербек со ова признание. Има 22 години и ја продолжува низата седма година по ред играчите на оваа позиција да го добиваат признанието.

Ламар Џексон застанува рамо до рамо со Том Брејди со оглед дека во гласањето на оваа награда учестуваа 50 спортски новинари и сите 50 гласале за него. Ова е само вторпат во историјата лауреатот да ги добие сите можни гласови по Брејди во 2010 година.

Неверојатната сезона на Џексон ќе беше комплетна ако тој и „рејвенс“ стигнеа подалеку во плеј-офот, но иако во доигрувањето дојдоа со НФЛ рекорд од 14-2 беа елиминирани од финалистот Тенеси. Балтимор има двојно признание со оглед дека и тренерот Џон Харбо е избран за најдобар во лигата.

Се вчитува...