Играчот на премиерлигашот Тотенхем, Ерик Ламела, поминува низ тежок период во својот живот и тоа не е само поради повредата на колкот, поради која не игра од октомври. Него, неодамна му загина братот во сообраќајна несреќа, а после тоа му почина неговото куче, со кое бил многу приврзан..
„Тој е во тешка емотивна криза. Многу е вознемирен поради смртта на својот брат. Тоа е трагедија од која не може да се опорави. По ова почина и неговото куче“ – истакна стратегот на „спарс“, Маурицио Покетино.
Ламела моментално се наоѓа на рехабилитација во Рим, каде му беше извршена уште една хируршка интервенција на повредениот колк. Како што пренесуваат атгентинските медиуми, Ривер Плата веќе започнала преговори со лондонскиот клуб, за негово враќање во Аргентина. Таму би бил заедно со семејството и би имал многу повеќе грижа во овие тешки мигови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА