Ламин Јамал дефинитивно во составот на Барселона против Реал Сосиедад

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, разговараше со медиумите пред домашниот натпревар против Реал Сосиедад утре во Ла Лига . Секако, централна тема беа повредите во тимот – на Рафиња и голманот Жоан Гарсија , како и состојбата на Ламине Јамал.

Флик истакна разочарување за повредата на голманот Гарсија, но и воодушевување од враќање на Јамал во тимот после повредата.

„Не е убаво што Жоан Гарсија е надвор, тој беше одличен. Се повреди на последниот натпревар против Овиедо, но вакви работи се случуваат. Сега Шчесни се врати и ако погледнеме во втората половина од минатата сезона, ги добивме речиси сите натпревари со него, тој беше таму и освоивме три трофеи со него. Тој е одличен голман, одлична личност и немам никакви сомнежи во него. Тоа е дел од мојата работа, но ја сакам. Секогаш е предизвик. Имаме одличен тим, и покрај повредите. Се фокусираме на она што е во наши раце и на што можеме да влијаеме.“, истакна Флик.

„Јамал ќе биде достапен утре и поради тоа сме среќни. Дефинитивно ќе добие минути“, изјави Флик.

Се вчитува...