Ламин Јамал го надмина Килијан Мбапе во ЛШ

Еден од најдобрите млади играчи на денешницата Ламин Јамал, продолжува да ги поместува границите и да руши рекорди во фудбалот. Во најновата победа на Барселона од 2:1, тој урна рекорд, кој досега го држеше Килијан Мбапе, од ривалскиот клуб Реал Мадрид.

Јамал стана играч до 18 години со најмногу директни учества во головите на својот тим во историјата во Лигата на шампионите. Со асистенцијата на вториот гол на Кунде, Јамал достигна бројка од 14 директни учества (голови/асистенции) во елитното европско клупско натпреварување.

Мпабе како тинејџер имаше 13 (10 голови и три асистенции), а Јамал нема да се задржи на бројката 14, со оглед дека роденден ќе прослави дури во јули, на крајот на актуелната сезона, со што ќе може да ја зголеми оваа бројка.

Се вчитува...