Ламин Јамал го освои трофејот „Копа“ за најдобар млад играч

Играчот на Барселона, Ламин Јамал, го освои „Копа трофеј“, наградата која се доделува на најдобриот млад играч на вечерашната церемонија на доделување на „Златната топка“ во Париз.

Јамал беше еден од најдобрите играчи на изминатото ЕВРО 2024 година, каде со Шпанија го освои трофејот.

Арда Гулер од Реал Мадрид беше второпласиран, додека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Коби Мајно го освои третото место.

Се вчитува...