Ламин Јамал ја загуби трката со времето

Барселона ќе ја отвори новата сезона во Лигата на Шампионите со гостувањето против Њукасл, меч на кој шпанскиот шампион ќе биде сериозно ослабен поради неиграњето на Ламин Јамал.

Големиот ас се повреди при настап за шпанската репрезентација, потоа го пропушти неделниот меч од Ла Лига против Валенсија, но тренерот Флик се надеваше дека Ламин ќе биде „фит“ за гостувањето во Англија. За жал, рехабилитацијата не тече според очекувањата, па крилниот офанзивец ниту денеска не тренираше со остатокот од екипата.

Јамал тренираше индивидуално, јасно е дека се уште не е стопроцентно „фит“, па големиот ас сепак ќе мора да почека за камбек на терените, а Флик ќе биде принуден да најде поинакво решение во обидот да стигне до првата победа во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...