Ламин Јамал ќе го пропушти натпреварот против Севилја во недела откако крилниот напаѓач повторно чувствува проблеми во препоните и нема да биде подготвен за дуелот на „Санчез Писхуан“.
Клубот вели дека ќе има пауза од приближно две до три недели, па ќе ги пропушти натпреварите на шпанската репрезентација откако доби повик утрово.
Играчот не беше на тренинг денеска, иако многумина кои започнаа против ПСЖ останаа во теретана. Јамал сè уште има проблеми со препоните поради кој пропушти мечеви од стартот на сезоната. По натпреварот во среда на Олимпискиот стадион, тој го напушти кампот без да биде целосно подготвен, а денеска попладне беше потврдено дека повторно има проблеми со истата повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

