За нешто помалкуд од 20 минути Шпанија и Англија ќе го почнат својот натпревар во финалето на Европското првенство кое се игра во Германија на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.
Со денешниот настап во финалето, Ламин Јамал ќе урне уште еден рекорд, откако ќе стане најмладиот фудбалер кој настапил во финале на едно големо натпреварување. Јамал на денешното финале ќе истрча како играч со 17 години и 1 ден.
Претходно рекордот го држеше легендарниот Пеле од Светското првенство во 1958 година со 17 години и 249 денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА