Изненадувачки беше потегот на челниците на Челси да го вратат Френк Лампард на клупата, со оглед дека претходно доби отказ од овој клуб. Сепак, тогаш „сините“ имаа ново раководство, кое се промени по доаѓањето на Тод Бојли за нов сопственик на клубот.
Лампард одново е на клупата на „сините“ и ќе ја води најмалку до крајот на сезоната, со можност соработката да биде продолжена доколку клубот забележи добри резултати во финишот од сезоната.
„Од разговорите кои ги имав со челниците, сите беа позитивни. Ми беа многу интересни. Бев на чело на Дерби, Евертон, Челси и мислам дека ова е клуб со визија кој може да напредува. Клубот го водат добри луѓе, кои соработуваат, разговараат и се обидуваат да го најдат вистинскиот пат. Го познавам клубот и мислам дека е позитивно што сум во таа улога сега“, рече Лампард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

