„Божиќното лудило“ во Англија не беше поволно по Челси и Френк Лампард. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ забележа само еден триумф во последните шест натпревари, со само четири освоени бода, па довербата на раководсвото на клубот кон легендата на тренерското место од натпревар во натпревар станува се помала, а листата на англиските медиуми за наследник на Англичанецот е се подолга.
Според „Дејли Мејл“, кикс во градското дерби против Фулам во 19. коло ќе значи и дефинитивен отказ на Лампард, а во тој случај прв на листата на наследници е Томас Тухел. Покрај Германецот се позвучно е името, Масимилијано Алегри, со кој Челси во минатото има и стапено во контакт. Опции се и Ралф Хасенхулт и Брендон Роџерс, меѓутоа тренерите на Саутемптон и Лестер се „невозможна мисија“ оваа зима, со оглед на тоа што нема да ја остават работата во сегашните клубови незавршена. Покрај нив се споменуваат уште тренерот на Лајпциг, Џулијан Нагелсман, но и поранешните соиграчи на „Супер Френк“, Џон Тери и Андриј Шевченко.
Но, и покрај големиот број гласини, актуелниот тренер на „сините“ е самоуверен во своето место на клупата, но и својот тим на кој потроши речиси 300 милиони изминатото лето.
„Можам да се правам мудар и да анализирам кој што правел во минатото, но не сакам да го правам тоа. Гледам пред себе. Многу сум сигурен во тоа што го права, без разлика на тоа што луѓето сметаат дека сум неискусен. Играм фудбал откако проодев, а професионално сум во него околку 20 години. Сакам да победувам. Во понеделникот бев разочаран за поразот од екипа која беше подобра од нас, но во вторникот се разбудив одлучен да бидам подобар веќе во следниот натпревар“ – изјави Лампард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

