Лампард го носи некогашниот соиграч во стручниот штаб на Евертон

Новиот тренер на Евертон, Френк Лампард сака да го ангажира Ешли Кол во својот стручен штаб.

Поранешниот играч на Арсенал и на Челси, во моментов работи во фудбалската Академија на „сините“ од Лондон, а исто така е во стручниот штаб на младинската селекција на Англија.

Лампард и Кол заедно играа во Челси од 2006 до 2014 година. Во скоро време се очекува да биде промовиран во помошник на Лампард во таборот на „сините“ од Ливерпул.

Евертон вчера објави дека Лампард е нов тренер. Договорот е до јуни 2024 година.

Се вчитува...