Челси по пенал-рулетот загуби од Ливерпул во Суперкупот на УЕФА. По мечот менаџерот на „сините“, Франк Лампард не го криеше незадоволството од фактот дека Ливерпул имаше два дена плус за подготовка на овој меч, притоа нерекувајќи се себе си човек кој тешко се мири со поразите.
„Лошо ги поднесувам порази, го мразам тоа. Начинот на кој игравме, страста, духот, квалитетот…, сето тоа беше одлично. Знам дека загубивме, но добивме самодоверба за продолжението од сезоната. Не сакам да барам никакви изговори, но тие имаа два дена повеќе за подготовка. Горд сум на момците. Ако продолжиме со вакви игри, се ќе биде во ред во иднина“ – вели Лампард.
Во второто коло од Премерлигата, Челси на „Стемфорд бриџ“ го пречекува Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА