Англискиот премиерлигаш Челси бара замена за Французинот Оливие Жиру кој по завршувањето на сезоната ќе си замине од „Стемфорд бриџ“, а менаџерот Франк Лампард посакува тоа да биде еден од најталентираните млади германски фудбалери, Лука Валдшмит. Ѕвездата на младата национална селекција на „панцирите“ кој веќе дебитираше и за А-тимот и забележа три настапи, постигна пет гола за Фрајбург оваа сезона, но и пропушти два месеци поради повреда на коленото.
Скаутите на Челси го забележаа неговиот потенцијал на минатогодишното Европско првенство за млади фудбалери и му го предложија на Франк Лампард. Менаџерот на Челси оттогаш редовно ги следи неговите игри и е восхитен од способностите на Лука Валдшмит. Тој за тимот на Фрајбург има 43 настапи и 14 постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА