Калум Хадсон-Одои е подготвен да потпише нов договор со Челси, бидејќи бил уверен од новиот менаџер Френк Лампард дека за него ќе има место во тимот.
18-годишникот добил гаранција дека ќе добие шанса во првата постава, откако ќе се опорави од повредата на Ахиловата тетива. Со новиот договор младиот англиски репрезентативец неделно ќе заработува по 100,000 фунти, а исто така според информациите од медиумите во Англија тој ќе го добие бројот 10 кој го носеше Еден Азар.
Сериозен интерес за младиот офанзивец покажува Баерн Минхен, но Лампард е оптимист дека ќе успее да го убеди Хадсон Одои до крајот на летово да потпише нов долгогодишен договор со лондонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА