Лампард го „жртвува“ Жоржињо за Деклан Рајс

И покрај одлично завршената работа во трансфер периодот, Челси неочекувано лошо ја стартуваше новата сезона во Премиер-лигата. По минатонеделниот пораз од шампионот Ливерпул, вчера лондонските сини одиграа само 3-3 со „фенерџијата“ Вест Бромвич Албион.

Тренерот на клубот од „Стемфорд Бриџ“, Френк Лампард се уште не е задоволен како изгледа неговиот тим и упорно продолжува на секој можен начин да го доведе во тимот Деклан Рајс од Вест Хем.

Како би успеал во оваа мисија Лампард сака да се ослободи од Жоржињо, кој е на мета на градскиот ривал Арсенал. Доколку успее ова Деклан Рајс најверојатно ќе биде последното засилување за Челси, откако претходно во клубот пристигнаа Вернер, Зијеч, Хаверц, Чилвел и Менди.

Се вчитува...