Легендарниот фудбалер од средниот ред на Челси, Франк Лампард, е импресиониран од начинот на кој игра Н’Голо Канте во дресот на „сините“ и вели дека тој е најдобар во светот на својата позиција, како последен играч за врска. Лампард, кој неодамна и официјално ја заврши својата кариера, за „Би-Би-Си“ истакна дека Канте го надминал и Клод Макелеле, кој своевремено му беше соиграч на „Стемфорд бриџ“.
„Канте е најдобриот играч од средниот ред на светот во моментов, кога е во прашање позицијата дефанзивен играч за врска. Лани често го споредував со Клод Макелеле, но сега е веќе очигледно дека тој поседува уште поголем квалитет и едноставно доминира на теренот“, изјави Лампард.
Канте ова лето од Лестер дојде во редовите на Челси и е незаменлив дел од првите единаесетмина на Антонио Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА