Лампард не го дава Батшуаи на позајмица

Новиот менаџер на Челси, Франк Лампард, донесе одлука да го користи белгискиот интернационалец Мичи Батшуаи оваа сезона. Тој смета дека има простор за него на „Стемфорд бриџ“ и нема да одобри негово ново заминување на позајмица.

Батшуаи претходно беше во Валенсија и во Кристал Палас, а во периодот во Челси најчесто ја грееше клупата за резерви. Но, Лампард мисли дека може добро да го употреби Батшуаи, посебно оваа сезона кога Челси не можеше да ангажира нови засилувања поради забраната за трансфери од ФИФА.

Се вчитува...