Поранешниот славен фудбалер на Челси, кој по крајот на играчата кариера влезе и во тренерските води и го предводеше клубот од „Стемфорд Бриџ“, Френк Лампард говорејќи за англиските медиуми откри интерсна анегдота поврзана со Кристијано Роналдо.
Како што открива Лампард, пред почетокот на Европското првенство во Германија, тој се сретнал со Роналдо додека уживал на одмор со своето семејство, но го избегнувал Португалецот поради интересна причина.
„Го сретнав додека бев на одмор пред неколку месеци. Бевме во истиот хотел и бевме блиску и на плажата. Бегав од него поради фактот дека е во одлична физичка форма. Го повикав да се сликаме бидејќи го сака мојот син за тоа што е фантастичен фудбалер, но морав брзо да облечам маица бидејќи не сакав да се посрамотам.
Приметив дека се уште оди по два пати на ден во теретана со личен тренер. Тоа ја докажува неговата посветеност“, откри Лампард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА