Деновите на Иван Јуриќ на клупата на Рома се броени, а клубот е во потрага по неговата замена, пренесуваат италијанските медиуми.
И покрај тоа што во прв план се јави враќањето на Даниеле де Роси, раководството на клубот не ја донесе оваа одлука па се споменуваат повеќе имиња за наследник на Хрватот. Најголема желба останува Пауло Соуса, кој моментно ја води екипата на Ал Ахли во Саудиска Арабија, но доколку не успее да го договори Португалецот ќе се осврне кон англиски тренер.
Тоа е Френк Лампард, поранешниот ас на Челси кој тренерската кариера ја започна во Дерби каунти, а потоа и во Челси и Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА