Лампард презема нов клуб во Премиерлигата!?

Френк Лампард досега имаше „шарена“ тренерска кариера, а сега е на прагот на нов ангажман во англиската Премиерлига.

Англиските медиуми тврдат дека тој се соочува со нов ангажман во Премиерлигата. Станува збор за Вест Хем, клубот каде што „Супер Френки“ ја започна својата играчка кариера.

Греам Потер не ја започна добро сезоната со Вест Хем и веќе се шпекулира дека би можел да добие отказ, а раководството на лондонскиот клуб го гледа Лампард како одлична замена.

Една од најголемите легенди на Челси кој на лондонските „сини“ им се придружи во 2001 година и помина 13 години на Стемфорд Бриџ. После тоа, играше за Манчестер Сити и Њујорк Сити, а се пензионираше од играње во 2016 година.

По кратката пауза во која аплицираше за тренерска лиценца, тој одлучи да работи како тренер, а во летото 2018 година го презеде Дерби Каунти. Во својата дебитантска сезона како тренер, успеа да стигне до плејофот од Чемпионшип, но на крајот не избори промоција во Премиерлигата.

Неговата добра работа во Дерби Каунти не остана незабележана и му донесе голем кариерен поттик, имено позицијата шеф на стручниот штаб на Челзси. Започна добро во својот тренерски ангажман на Стемфорд Бриџ, а во првата сезона освои место кое води во Лигата на шампионите.

Во тој момент, тоа беше голем успех за Челси бидејќи беа под забрана за доведување играчи, а главната ѕвезда на клубот – Еден Азар – штотуку си замина.

Почетокот на втората сезона беше многу полош и набрзо потоа беше отпуштен од својот омилен клуб. Оттогаш сè тргна надолу за Англичанецот и имаше лоши периоди како менаџер на Евертон и повторно како привремен менаџер на Челзи.

Минатата сезона, тој „оживеа“ кога ја презеде клупата на Ковентри, со кого стигна до плејофот за Чемпионшип, но на крајот повторно не успеа да избори промоција во елитните редови на англискиот фудбал.

Се вчитува...