И покрај тоа што не успеа да го внесе Дерби Каунти во Премиерлигата, Френк Лампард истакнува дека сака да остане на чело на клубот. Се шпекулира дека тој би можел да го преземе Челси, меѓутоа неговите планови се да остане во клубот во кој ја почна тренерската кариера.
„Сурово е, но таков е фудбалот. Се чувствувам разочарано, но и гордо. Би им се заблагодарил на фудбалерите на максимумот што го дадоа. Во нив можете да видите група на пријатели кои дадоа се од себе. Јас сум менаџер на клубот и сакам да работам тука. Имам договор на две години и сакам да напредувам со клубот“, изјави Лампард.
Дерби во финалето од плеј-офот за пласман во Премиер-лигата загуби од Астон Вила со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА