Лампард со шокантна одлука: На тренинзите на Челси вклучи 13-годишен фудбалер

Очигледно на Френк Лампард малку му се трисетина играчи на тренинзите на Челси, па сега изненадувачки испрати повик до капитенот на екипата до 14 години на „сините“ да тренира со првиот тим.

Англиските медиуми го окарактеризираа овој потег на Лампард како мотивација на скапите ѕвезди кои засега не ги оправдуваат очекувањата. Екс играчот на Челси кој сега е на клупата на тимот, е познат по тоа што ги вклучува младите играчи во сениорскиот тим. Под негово водство, првотимци станаа Мејсон Маунт, Рис Џејмс, Теми Абрахам и Фикајо Томори.

Кај Челси ова не е нешто ново, но досега добиваат играчи околу 18 години. За играч кој уште нема 14 години ова е доволен доказ за неговите квалитети, но ќе нема право да игра со оглед дека во сениорскиот тим има право да игра играч само над 16 години, и тоа со дозвола на родител.

Се вчитува...