Никлас Ландин беше херојот на Данска во денешното супердраматично четвртфинале со Египет, во кое извонредниот голман најпрвин одбрани неколку клучни шутеви во продолженијата, за со два запрени седмерци во пенал-рулетот да ги одведе Данците во полуфиналето од овој ракометен мундијал.
Ландин беше крајно емотивен по мечот, признавајќи дека во еден момент ја наведнал главата мислејќи дека Данска го загубија мечот. Сепак, еден египетски ракометар му пречеше на Гидсел во обидот за последен шут, што значеше црвен картон и пенал за Данците, што помладиот брат на Ландин го претвори во израмнувачки погодок.
„Сум играл продолженија и порано, но ова беше нешто неверојатно… Потоа и пеналите, неизвесни до последниот удар, ова дефинитивно беше меч што долго ќе го паметиме. Во еден момент помислив дека се е готово, дека сме елиминирани, па не постигнавме ниту еден гол во второто продолжение. А тогаш… црвен картон, пенал, останавме во живот и на крајот се пласиравме во полуфиналето“, изјави извонредниот чувар на мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА