Ландин мора на операција на коленото

Алборг денеска ќе ја стартува новата сезона во Лигата на Шампионите, но данскиот првак ќе мора да се снаоѓа без помошта на Никлас Ландин. Ветеранот кој ја има улогата на прв голман во Алборг веќе извесно време се жалеше на болка во коленото, по настапот на ОИ во Париз  проблемот стана уште посериозен.

Последните прегледи покажаа дека ќе биде неопходен хируршки зафат, па така Ландин наместо за стартот на ЛШ се подготвува за операција. Вообичаената пауза за ваков вид на повреди изнесува најмалку два месеца, па во најдобар случај 35-годишниот голман би се вратил пред крајот на месец ноември.

Не се исклучува ниту можноста Алборг да не ризикува со големата ѕвезда до крајот на годинава, Ландин веќе се откажа од настап за репрезентацијата, па ветеранот би имал доволно време до февруари целосно да се рехабилитира и потоа во топ-форма да го дочека клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...