Ландо Норис доминантно до победа во Сингапур

Возачот на Мекларен, Ландо Норис на доминантен начин стигна до својата трета победа во кариерата, откако денеска славеше на ноќната трка за Големата награда на Сингапур.

Британецот до победата стигна на убедлив начин со повеќе од 20 секунди предност пред најголемиот конкурент и водечки во генералниот пласман, Холанѓанецот, Макс Ферстапен во  Ред Бул.

Подиумот го надополни вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри. Во топ 10 се најдоа уште и: Расел, Леклер, Хамилтон, Сајнц, Хулкенберг, Алонсо и Перез.

Се вчитува...