Возачот на Мекларен, Ландо Норис беше најбрз во квалификациите за трката од Големата награда на САД, па вечерва од 21 часот ќе стартува од пол-позицијата на патеката во Остин.
Британецот беше најбрз на синоќешните квалификации, пред Макс Ферстапен од Ред Булс и Карлос Саинс од Ферари. За Норис ова е шеста победа во квалификациите и четврта на последните пет трки.
Џорџ Расел во клучните моменти од квалификациите излета во третиот сектор и удри во ѕид поради што ги оневозможи другите возачи да ги завршат своите кругови, а со тоа му помогна на Норис, спречувајќи ги останатите да го престигнат.
Од четвртата позиција денеска ќе стартува Шарл Леклер, а потоа следат Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Кевин Магнусен и Серхио Перес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА