Ландо Норис му донесе титула на Мекларен, Хамилтон во солзи се збогуваше од Мерцедес

Мекларен е освојувач на шампионската титула кај конструкторите во Формула 1, доаѓајќи до првата титула во 21. век, која ја чекаше уште од 1998 година кога за тимот возеа Култхард и Хакинен.

Ландо Норис со триумфот на денешната трка за Големата награда на Абу Даби, последна од Ф1 сезоната, му ја донесе на Мекларен титулата кај конструкторите.

Денеска, второто и третото место го освоија возачите на Ферари, Карлос Сајнц и Шарл Леклер, но тоа не му помогна на италијанскиот тим да дојде до пресврт и ја презеде титулата од британскиот тим.

Трката во Абу Даби беше последна за седумкратниот шампион Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес. Како што е познато, тој од следната сезона ќе вози за Ферари. Карлос Сајнц од Ферари, пак, се збогуваше од Ферари со освоеното второ место денеска.

Се вчитува...